Славија Прага ќе испрати понуда за Иван Николов

855

Капитенот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, 21-годишниот Иван Николов е на мета на еден од најдобрите фудбалски клубови во Чешка, Славија Прага. Како што денеска пишуваат дел од данските медиуми, преставници на Славија специјално се фокусирани на Николов кого го посакуваат како засилување во своите редови оваа зима.

Во делот од подготовките, актуелниот тим на Николов, данскиот второлигаш Сондерјиске треба да одигра пријателски меч со Славија, на кој преставници на чешкиот клуб најавиле дека сакаат да го проследат токму потенцијалот на Николов. Од Данска стигнуваат информации дека за Николов е заинтересиран и австриски Штурм, но официјална понуда се чека од Славија.

ПретходноПротив Швајцарија ќе ни судат Молдавци!
СледноГолманот на Швајцарија: За Македонците не сме ракометна нација, па ќе биде голем срам ако загубат