Франција го доби дербито со Германија, Шпанија во „аут“, комплетирани групите од главната фаза

3818

Репрезентацијата на Франција ја совлада Германија со 33:30 на Европското ракометно првенство. Мечот се одигра во „Мерцедес Бенц арена“ во Берлин пред 13.000 гледачи, а Французите успеаја да слават победа и да завршат како први во групата пренесувајќи два бода во главната фаза. Најефикасен на мечот беше Кнор со осум голови, а Гола постигна пет. Кај Французите Махе даде пет, по четири Карабатиќ, Мем, Фабрегас, Пранди.

Изненадувањето на вечерта е елиминацијата на Шпанија. Шпанците во клучниот меч одиграа реми со Австрија 33:33 и со тоа останаа трети на табелата. Понатаму отидоа Австрија, заедно со Хрватска. Австријците беа пред пораз, а во последните секунди постигнаа гол преку Јанко Божовиќ и извлекоа реми. Ова е првпат по 2002 година Шпанците да испаѓаат во групната фаза и се најголемото изненадување на шампионатот.

Веќе се познати двете групи во главната фаза која почнува веќе од утре и со колку бодови ќе стартуваат.

ГРУПА 1
1. УНГАРИЈА 2 бода
2. ФРАНЦИЈА 2
3. ХРВАТСКА 1
4. АВСТРИЈА 1
5. ГЕРМАНИЈА 0
6. ИСЛАНД 0

ГРУПА 2
1. ДАНСКА 2
2. ШВЕДСКА 2
3. СЛОВЕНИЈА 2
4. ХОЛАНДИЈА 0
5. НОРВЕШКА 0
6. ПОРТУГАЛИЈА 0

ПретходноВАР збрка на Азискиот куп во 98 минута: Судијата го поништи голот, а веднаш потоа го призна за триумф на С.Арабија
СледноВлаховиќ и Киеза ја обезбедија победата на Јувентус над Сасуоло (видео)