Шкендија си закажа шест контроли, најсилен ривал ќе биде Динамо Киев! (ФОТО)

352

Тимот на Шкендија на челот со новиот стратег Јетон Беќири во текот на овие подготовки за пролетниот дел, си закажа шест пријателски или контролни мечеви. Познато е дека по традиција и оваа зима тетовските “црвено – црни“ главната фаза од подготовките ќе ја одработи во Анталија (Турција) каде што ќе престојува од 27 јануари до 10 февруари.

Таму Шкендија ќе се тестира со Динамо Батуми (Грузија), Варта Познањ (Полска), Лиепаја (Летонија) и Динамо Киев (Украина). Секако дека токму гигантот од Киев ќе биде најсилниот ривал за момците на стратегот Беќири.May be an image of text

Пред да се замина за Анталија, Шкендија ќе одигра две контроли и тоа со Арсими (20 јануари) и Скопје (25 јануари).

ПретходноМеси гласал за Халанд, Мбапе за Меси а Роналдо не гласал!
СледноФараните немале доволно летови за да дојдат во Берлин!