СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Мартин Томовски е нашата ѕвезда во Берлин вечерва. Вардаровиот голман застана од почетокот на мечот на мрежата на македонската репрезентација на местото на Никола Митревски, кој се повреди и ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Томовски влезе мотивирано, беше навистина берлински ѕид за противникот, едноставно блескаше. Во секој кризен момент знаеше да фати топка, беше лидер на серијата од 6-0 со која Македонија успеа да поведе со пет гола разлика. На крајот зад своето име запиша 12 одбрани.
Tomovski just said ⛔️ 𝒏𝒐𝒕 𝒕𝒐𝒅𝒂𝒚 ⛔️
50% saves so far for the Macedonian goalkeeper 😳#ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/SgY81YkIit
— EHF EURO (@EHFEURO) January 16, 2024
А Македонија да победи заслуга има и Кизиќ, кој одбрани кога беше најпотребно и ние победивме 29:27.