ВАР збрка на Азискиот куп во 98 минута: Судијата го поништи голот, а веднаш потоа го призна за триумф на С.Арабија

1909

Репрезентацијата на Саудиска Арабија со Роберто Манчини на кормилото беше на чекор да киксне во дуелот со Оман, но една судиска збрка во осмата минута од судиското продолжение на мечот им ја обезбеди победата.
Резултатот беше 1:1, се играше шестата минута од судиското продолжение, а по корнерот, Ал Булајхи постигна гол. Но линискиот судија го крена знаменцето, а главниот судија зборуваше преку слушалка со колегите од ВАР и покажа дека нема погодок и играта треба да продолжи.
Само што играчите на Оман тргнаа во напад, судијата се премисли и покажа дека одлуката си ја поништува и новата одлука е дека голот важи. Веднаш потоа свирна крај и Саудиска Арабија победи со 2:1 на првиот меч од групата на Купот на Азија.

ПретходноКапело: Односот на Рома кон Мурињо е класично непочитување!
СледноФранција го доби дербито со Германија, Шпанија во „аут“, комплетирани групите од главната фаза