Вардар во Анталија ќе ги игра тест средбите!

1147

Изминативе неколку дена фудбалерите на ФК Вардар се активни со стартот на подготовките и во обидот да се засили тимот со нови фудбалери.

Екипата се подготвува во јужните краишта на земјава, сместени се во Негорски бањи а се тренира во Богданци и Нов Дојран. Се работи на кондицијата, а она вистинското тест средбите ќе бидат на програмата во Анталија.

Најтрофејниот клуб во земјава обезбеди камп во познатата турска база и тоа во периот до 27 јануари до 7 февруари. Ќе бидат сместени во хотелот Лимак во Белек, а веќе се договорени тест средби со полскиот тим Заглебје Лубин, Колос од Украина и Аркадак првакот на Туркменистан.

Новиот шеф на тимот Горазд Михаилов ќе добие уште еден или два термини за контролни средби за термините во Анталија, а генералката ќе се игра во земјава една недела пред дуелот со Гостивар кој е на 18 февруари и со кој почнува битката за опстанокот и вториот дел од шампионатот на Македонија.

Од она што зимава дојде во Вардар тоа се Марјан Алтипармаковски, Александар Ѓурковски, стоперот Дејан Ѓуриќ и офанзивниот играч за врска Мустафа Мујезиновиќ кој дојде од Гостивар. Пропадна отстапницата на Франко од Брера а се преговара со уште неколку добри фудбалери.

Клубот го напуштија: Нијаз Јусуфи, Лука Трајкоски, Владимир Жоглев, Христијан Вецески, Љутви Биљали, Педрињо…

ПретходноЛазаров: Ако на некој меч имаме некаква шанса – тоа е против Швајцарија!
СледноЛегендата за изборот на Меси за најдобар: Ова е смешно, подобро место „The Best“ да се вика „The Smile“!