Денеска на ЕП: Германија и Франција во битка за првото место во групата, Србија мора да победи и да се надева…

293

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Денеска на програмата се шест средбина ЕУРО 2024 со што завршува групната фаза. Секако дека интересно ќе биде во “нашата“ група А, каде во Берлин ние играме со Швајцарија во битка за третото место, а Германија и Франција во меѓусебен дуел ќе го одредат победникот и тимот кој во следната фаза ќе пренесе два бода. Швајцарија има шанси и за 2.место, но ќе мора да ја победи Македонија со убедлива разлика а Франција да загуби од Германија со најмалку 10 разлика, што секако дека речиси невозможно.

Србија мора да ја победи Црна Гора ако сака следна фаза, но во оваа група Ц, Унгарија ќе мора да го победи Исланд.

Во групата Б се среќаваат Хрватска – Романија и Шпанија – Австрија. Јасно е дека Хрватите и Шпанците со победи ќе го заверат пласманот во следната фаза на ова ЕУРО 2024.

ДЕНЕШНИ НАТПРЕВАРИ

18:00 Ч

Македонија – Швајцарија

Хрватска – Романија

Србија – Црна Гора

20:30 Ч

Франција – Германија

Исланд – Унгарија

Шпанија – Австрија

ПретходноФараните немале доволно летови за да дојдат во Берлин!
СледноАО: На сметката имал само 900 евра, ама во Мелбурн направи сензација и заработи најмалку 180.000 долари! (ВИДЕО)