Затоа е “специјален“: Мурињо само од откази си заработил 100 милиони евра!

2183

Од денеска и официјално Жозе Мурињо не е повеќе тренер на Рома. Доби отказ а на негово место на клупата на тимот од Рим ќе седне клупската легенда Даниеле Де Роси.

Португалецот доби отказ иако имаше договор до јуни, а за тоа Рома ќе мора да му исплати 3,5 милиони евра.

Но Рома и добро мина ако се знае дека досега Мурињо има заработено речиси 100 милиони евра само од откази кои ги добивал.

Од Челзи во првиот мандат кога доби отказ доби оштета од 21 милиони евра. Околу 20 милиони евра заработи од Реал Мадрид кога си замина од „Сантијаго Бернабеу“, потоа од Челзи во вториот мандат нешто повеќе од 10 милиони евра. Манчестер Јунајтед најмногу му исплатил, близу 25 милиони евра, секако дека тука го сметаме и Тотенхем кој покрај отказот мораше да му исплати на Жозе и 17 милиони евра. И на крај овие 3,5 милиони евра од Рома, се на се вкупно нешто помалку од 100 милиони евра.

Затоа е “специјален“.

ПретходноГолманот на Швајцарија: За Македонците не сме ракометна нација, па ќе биде голем срам ако загубат
СледноМакедонија со легендите во составот последен пат одигра тесно против Швајцарија!