Легендата на италијанскиот фудбал, Фабио Капело го коментираше отказот кој денеска го доби Жозе Мурињо во италијанска Рома.
„Малдини го отпуштија со телефонски повик, а сега го направија истото со Мурињо, кој беше во Тригорија кога му беше кажано дека повеќе не е на чело на тимот. Чувствувам дека Мурињо беше третиран како некој кој никогаш не тренирал тим, што е големо непочитување за тренер кој дал многу на светскиот фудбал, не само на европскиот. Ова е погрешен став и не го прифаќам. Во Италија која е фудбалска земја ова не треба да биде пракса. Нешто слично ми се случи кога бев во Русија. Се упатив кон аеродромот откако загубив натпревар со репрезентацијата на Австрија. Ми се јавија да ми кажат дека е готово“, вели Капело.