Томовски е вистински ѕвер, Македонија на полувреме води со четири гола

457

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

По првото полувреме, македонската ракометна репрезентација води против Швајцарија со 13-9.

На голот стартуваше Мартин Томовски. Кирил Лазаров на оваа средба не смета на Никола Митревски, кој се повреди и најверојатно ќе паузира најмалку две недели. Томовски е одличен во првото полувреме, има осум одбрани. Костески и Пешевски имаат по три гола.

Конечно поцврста одбрана на нашите момци. Талески го отвори дуелот за 1-0, Македонија, водеше и со 2-1. По голот на Шмид за 2-2, следеа два нереализирани напади (Портнер една одбрана), па Швајцарија го превзема водството 2-3, во шестата минута. Томовски влезе во ритам, запиша две одбрани, а Маркоски израмни на 3-3. Портнер спречи да ја вратиме минималната позитива. На голема среќа следеа грешки на двете страни, серијата на промашувања ја прекина Мануел Зендер (3-4) во 12 минута.

Костески израмни на 4-4, не искористивме две одбрани на Томовски, Шмид казни за 4-5 на средината на првото полувреме. Томовски продолжи да блеска (запиша и еден седмерец), Македонија направи серија од 6-0. Со головите на Митев, Пешевски, Костески и Кузмановски поведе со 10-5 во 22. минута.

Швајцарија постави игра „седум на шест“ во немоќ да постигне гол, тоа го стори после долга пауза, Шмид реализираше два и Зендер еден гол за 10-8 во 25. минута. Ова беше период во кој Македонија направи две технички грешки, Лазаров повика тајм-аут. Одговоривме преку Пешевски, Јагуриноски и Кузмановски за 13-8 во 27. минута, Томовски запиша нова одбрана, а на другата страна Швајцарија на одморот намали на 13-9.

ПретходноИталија бронзена на ЕП во ватерполо
СледноВардар донесе лево крило од Словенија