Костески: Клучот на победата беше вo нашата смиреност

384

Десното крило на нашата репрезентација, Ненад Костески и вчера беше еден од нашите најдобри реализатори во нападот. Во победата над Швајцарија запиша пет гола, а клучот за успехот и победата го гледа во нашата смиреност во последните минути од средбата.

„Ова е голема победа за нас. Навистина сме среќни што одиме дома со бодови и со победа. Иако успеа Швајцарија да се врати на оваа средба, успеавме да го свртиме резултатот и да победиме. Мислам дека клучен дел од мечот беше нашата смиреност. Не брзавме, не губевме топки кои можеа да не чинат пораз, одигравме професионално, искусно, не брзавме, ја стопиравме играта и на крајот победата си дојде“, вели десното крило на нашата репрезентација.

ПретходноЕмбид подобар од Јокиќ во „МВП дербито“ на вечерта (ВИДЕО)
СледноРеал (М) во јуни го продава Менди за да го купи Дејвис