Ракометната репрезентација на Португалија ја отвори втората фаза на ЕП со победа над Норвешка со 37:32. Скандинавците трет меч немаат победа, а во главната фаза остануваат со нула бодови.
Норвежаните на почетокот на мечот беа добри, имаа водство се до 13:12, а потоа „потонаа“. Португалците направија серија на голови и го свртеја мечот под своја контрола.
На полувреме Португалците водеа со 18:15. Во второто полувреме сликата продолжи. Португалците сигурни, Норвежаните во позиција да бркаат резултат. На крајот пет разлика за Португалците кои имаат два бода во групата.
Кај Португалците, Педро Потрела постигна осум гола, а кај Норвешка најефикасен, со седум гола беше Блонц.
Дома Ракомет Европско првенство 2024 Португалија ја совлада Норвешка и ја остави на дното на табелата