Чави: Си одам веднаш штом забележам дека немам поддршка од играчите

177

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес на пресконференција пред осминафиналниот меч од Купот на Кралот против Унионистас де Саламанка, зборуваше за слабиот настап на тимот оваа сезона и оној пораз од 1:4 од Реал Мадрид во Суперкупот.
Денот кога ќе забележам дека играчите не се со мене и не ме поддржуваат, ќе си ги земам работите и ќе си заминам. Време е да го промениме чипот. Пред некој ден со Реал Мадрид одигравме многу лошо и сакаме сега да ги направиме работите добро. Јасно е дека сме фаворити со Унионистас, но тоа мора да го докажеме, тие имаат потенцијал и ќе биде тешко.

Титулите отсекогаш ми биле цел и секогаш сум го велел тоа. Кога потпишав за Барселона, задачата беше да се најдеме во топ 4 и тоа го постигнавме. Минатата година целта беше освојување на лигата и Суперкупот, надминувајќи ги очекувањата. Оваа година целта е да се освојат важни трофеи – Купот, Лигата или Лигата на шампионите. Ако целите не се исполнат, јас ќе бидам првиот што ќе каже дека не ги исполнив и ќе дадам отказ“, започна Чави.

ПретходноРакометарите низ бројки: Кој истрча најмногу, кој е најбрзиот спринтер и стрелец на ЕП…
СледноПортугалија ја совлада Норвешка и ја остави на дното на табелата