Шампионот утре против Караорман го игра првиот натпревар во 2024!

229

Утре со почеток од 13 часот на Градскиот стадион во Струга ќе проследиме градско дерби. Струга ТЛ против Караорман, секако дека станува збор за пријателска. Ова ќе биде прв натпревар за шампионот на Македонија во новата 2024 година.

Познато е дека Струга ТЛ втората и најглавна фаза од тековните подготовки ќе ги одработи во Анталија а таму момците на стратегот Шпетим Дуро ќе се “тестираат“ и со Оренбург (Русија), Арка Гдањск (Полска), Черноморец (Украина), Лоѓ (Полска) а “генералката“ пред стартот на пролетниот дел ќе биде со Тиквеш на 10 февруари.

ПретходноТрагедија: Дејан Милојевиќ почина од срцев удар на 46 години!
СледноСилекс се пофали со Маронг! (ВИДЕО)