Ѓорѓи Ѓорѓиев во вториот дел од сезоната во дресот на Хатај ББ

166

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев во вториот дел од сезоната ќе настапува за турскиот прволигаш Хатај ББ. По една полусезона помината во екипата на Бурсаспор, Ѓорѓиев заминува на позајмица во Хатај ББ за кој веќе го одигра и првиот меч.

Според информациите од турските медиуми, Ѓорѓиев се враќа да ја доигра сезоната во клубот каде беше и минатата пролет. Хатај ББ беше клуб на нашиот техничар и минатата сезона, ога по првиот дел минат во Франција, Ѓорѓиев замина на полусезоната во турскиот шампионат.

Во првиот меч за Хатај ББ кој се бори за останок, нашиот репрезентативец беше стартер и реализираше два поени.

ПретходноПо само 6 месеци: Хендерсон и Ал Етифак го раскинале договорот
СледноДенеска на ЕП: Почнува битката за полуфинале