Убедлив пораз на нашата женска јуниорска репрезентација во првиот натпревар од зонските квалификации за ЕП. Нашата селекција за играчи до 18 години загуби со 3:0 (25-14, 25-15, 25-15) од соодветната селекција на Турција на мечот кој се одигра денеска во Софија. Турчинките беа фаворитки и пред мечот, а со играта тоа и го потврдија. И во трите сета стартот донесе неизвесна борба и израмнет резултат. Во втората половина на сетовите противничките успеаја да се одлепат и на крајот рутински да ги добијат. Ивана Милева реализираше 4 поени, а Ѓорѓиевска и Кипријановска имаа по 3. Кај Турција, Јилмаз беше најефикасна со 8 поени. Утре во 15 часот Македонија во вториот меч од квалификациите се среќава со Србија.