Баерн (М) му го зема директорот на РБ Лајпциг

315

Нов спортски директор на Баерн Минхен ќе биде Макс Еберл, кој претходно имаше слична функција во РБ Лајпциг.

Еберл ќе потпише долгорочен договор со клубот од Минхен. Се очекува тој да почне со работа во март. Именувањето на Еберл ќе биде официјално објавено на следниот состанок на надзорниот одбор на крајот на февруари, а Баерн за Еберл ќе му плати на Лајпциг 5 милиони евра.

49-годишниот специјалист почна да работи за РБ Лајпциг на 15 декември 2022 година. За одбележување е тоа што Баерн сакаше да го повика Еберл уште во 2017 година, но на крајот изборот беше направен во корист на Салихамиџиќ.

ПретходноЗонски квалификации за ЕП: Турција голем предизвик за нашите јуниорки
СледноЕХФ ги избра петте најубави голови на Македонија, бр. 1 е цепелинот против Швајцарија (ВИДЕО)