Како што велат нашите информации, Гостивар и Шкупи го посакуваат Марјан Ристовски – Швајц (27), офанзивецот на Силекс кој важи за еден од најдобрите левокрилни офанзивци во ПМФЛ. И двата клуба му доставиле поуди на Швајц, но за тоа дали тој ќе замине или не секако дека решава и неговиот актуелен клуб. Имено Швајц има договор со кратовци до јуни и секој што ќе посака да го ангажира ќе мора да се договори прво со Силекс.
Кога сме кај Ристовски тој во Кратово е 1.5 година, а претходно играше за Работнички, Борец, Тиквеш, Кожув.