Денеска на ЕП: Почнува битката за полуфинале

303

Денеска во Хамбург почнува втората фаза на европското првенство во ракомет. 12-те најдобри селекции од групната фаза, сега продолжуваат во две новоформирани групи, од каде ќе ги добиеме селекциите кои ќе се впуштат во трката за медалите.

Премиерата е во групата „2“ во Хамбург, каде денеска од 15:30 часот први на терен излегуваат репрезентациите на Норвешка и Португалија. Норвежаните кои покажаа нестабилна игра во групната фаза, сепак, ја задржуваат благата позициа на фаворит, иако Португалија е подготвена за изненадување. И на двете репрезентации им е потребна победа за да се надеваат на евентуално полуфинале.

Во 18 часот ќе играат Данска и Холандија. Данците веќе имаат два бода на контото и со победа само силно ќе зачекорат кон полуфиналето. Од 20:30 часот ќе се сетнат и Словенија и Шведска. Словенија ќе бара победа над актуелниот европски првак со што ќе дојде во одлична позиција пред следните две кола во битка за место во натпреварите за медал.

ВТОРА ФАЗА

ГРУПА 2 – Хамбург

15.30 Норвешка – Португалија

18.00 Данска – Холандија

20.30 Словенија – Шведска

ПретходноЃорѓи Ѓорѓиев во вториот дел од сезоната во дресот на Хатај ББ
СледноХарден сака договор со ЛА Клиперс до пензија