Каква казна го чека Сити за финансиски нерегуларности: Одземање бодови или исфрлање од Премиерлигата?

817

Манчестер Сити може да биде прогласен за виновен за 115 наводни обвиненија од Премиер лигата. Оваа вест предизвика многумина да се запрашаат како изгледа ситуацијата на Сити, во случај да биде прогласен за виновен.

По четиригодишна истрага, Сити се тврди дека ги прекршил правилата во период од девет сезони помеѓу 2009/10 и 2017/18. Клубот е обвинет дека не доставил точни финансиски информации кога станува збор за приходите на клубот, приходите од спонзорството и оперативните трошоци.

Случајот најверојатно нема да биде затворен наскоро и ќе одлучува независна комисија. Во однос на казните доколку биде прогласен за виновен, се споменува потенцијално испаѓање од Премиер лигата или дури исфрлање од фудбалската лига во целина, додека некои шпекулираат за можноста Сити да биде лишен и од трите титули во Премиер лигата освоени во споменатиот период.

Сепак, некои добри познавачи тврдат дека најголема веројатност е Сити да биде погоден само со одземање на бодови.

ПретходноДанците се жалат на организацијата: Место да одмараме, ние цел ден патуваме со воз
СледноГаздите на Рома веќе не можеле да го поднесат однесувањето на Мурињо