Манев го промаши решавачкиот пенал во серијата за елиминација на Адана Демирспор во Купот на Турција!

537

Македонскиот репрезентативец Јован Манев е трагичарот во тимот на Адана Демирспор. Имено во пенал серија во меч од 1/16 финалето на Кушот на Турција, против тимот на 24 Ерзинканспор, Манев не успеа да постигне гол и со тоа неговиот тим беше елиминиран. Претходно сите 13 пенали од двете екипи во серијата беа реализирани.

Инаку резултатот пред да се изведуваат пеналите, беше 2:2, а Манев беше стартер кај Адана Демирспор, но токму неговото промашување беше одлучувачко неговиот тим да биде елиминиран во раната фаза во Купот на Турција.

Треба да се каже дека гостите водеа со 0:2 до 89.минута, но тимот на Манев сепак успеа да израмни, но тоа беше бадијала.

ПретходноМароко покажа сила и убедливо славеше против Танзанија! (ВИДЕО)
СледноТрагедија: Дејан Милојевиќ почина од срцев удар на 46 години!