Во последниот меч вечерва во групата – 2 од главната рунда на ЕУРО 2024, Шведска убедливо ја совлада Словенија со 28:22 (11:7). Интересно е да се каже дека во првото полувреме и двете селекции постигнаа вкупно само 18 голови. Шведскиот голман Паличка блескаше со 14 одбрани од 28 удари, посебно во првиот дел беше непрмостлива пречка за Словенците. Со оваа победа речиси Шведска и Данска се во полуфиналето.
Најефикасен во победничкиот табор беше Пелас со 8 голови, додека кај Словенците Влах беше стрелец на 7 голови.