По само 6 месеци: Хендерсон и Ал Етифак го раскинале договорот

390

Џордан Хендерсон постигна договор со саудиски Ал Етифак да го напушти клубот и е блиску до трансфер во Ајакс.

Англискиот репрезентативец и неговата сегашна екипа се во процес на финализирање на раскинувањето на тригодишниот договор што го потпиша минатото лето. Во меѓувреме, Хендерсон лета назад во Англија, откако начелно се согласи да премине во Ајакс.

33-годишниот поранешен играч од средниот ред на Ливерпул по краткиот престој во Саудиска Арабија реши да с еврати во Европа и кариерата да ја продолжи во Холандија. Тој играше само на 17 меча за Ал Етифак.

ПретходноАлегри: Скудето? Чекор по чекор, сега е најважно што сме во ТОП 4
СледноЃорѓи Ѓорѓиев во вториот дел од сезоната во дресот на Хатај ББ