Ракометарите низ бројки: Кој истрча најмногу, кој е најбрзиот спринтер и стрелец на ЕП…

2323

По завршување на секое големо натпреварување неизбежна се статистичките податоци. Тие велат дека Жарко Пешевски на ова ЕП е нашиот најдобар стрелец. Пикерот на Пелистер постигна 15 голови од 17 обиди, или пак во проценти 88%.

Зад Пешевски е Ненад Костески. Нашето крило има 12 голови од 15 обиди или 80% реализација. Следи Марко Митев со 92% реализација. Ракометарот кој има потенцијал да стане еден од лидерите во нашиот тим, има постигнато 11 голови од 12 обиди и го прави најуспешен во нашиот тим бидејќи има 92% реализација.

Филип Кузмановски има осум голови од 19 обиди и два нерализирани удари од седум метри, зад него со по седум гола се Филип Талески, Томислав Јагуриноски и Милан Лазаревски.

Кога сме кај идарите од седум метри, покрај Кузмановски, на ова ЕП, за ударите од седум метри беа задолжени Никола Костески, кој има три од четири и Марко Митев со перфектни два седмерци од исто толку обиди.

Кузмановски и Јагуриноски се нашите најдобри асистенти, првиот има 17, додека вториот десет.

Петар Атанасијевиќ кој има најбрзиот спринт во нашиот тим, истрча 30.02 килиметри на час, додека Ненад Костески има најмногу истрчано на трите меча, вкупно 11 километри.

Кај голманите најмногу одбрани има Мартин Томовски, на три меча запиша 17, 12 од нив против Швајцарија, еден од седум метри. Никола Митревски на два меча запиша 12 одбрани, додека пак Марко Кизиќ има две против Швајцарија, еден од нив од седум метри и еден за целосен пресврт.

Она по што не се прославивме на ова ЕП се техничките грешки, тука имаме 50.

Македонската ракометна репрезентација првенството ќе го заврши на 17-то место и на претпоследниот ден од истото ќе го чека противникот за бараж мечот кој води на СП 2025 година.

ПретходноГранит Џака е играч на годината во Швајцарија
СледноЧави: Си одам веднаш штом забележам дека немам поддршка од играчите