Сабит Билали (26) по се изгледа дека ќе биде првото засилување во таборот на Работнички. Како што велат нашите информации, играчот за врска и довчерашен член на Партизани од Албанија ги договорил деталите со клубот од Дебар Маало и се очекува наскоро да следува промоцијата.
Инаку Билали во својата кариера играше за Шкупи, Шкендија, Македонија ЃП, Гостивар а ги има минато младинските школи на Ренова и Динамо Загреб.
Кога сме кај Работнички планот е оваа зима да се донесат најмалку тројца квалитетни играчи, едноставно сите линии на тимот да се освежат.