Дејан Милојевиќ, некогашен познат кошаркар и тренер, а во последно време беше и дел од стручниот штаб на Голден Стејт, доцна попладнево почина од срцев удар на само 46 години.
Секако дека ова е голема загуба за српската кошарка. Беше европски првак со СЦГ, потоа освикуваше титули со Будуќност, Партизан, играше и за ФМП. Беше еден од најдоминатните центри во негово време.
Тренерска кариера ја започна во Мега, а во последните три години беше дел од стручниот штаб на Голден Стејт.
Инаку тој добил срцев удар за време на подготовките на мечот со Јута, истиот беше откажан а Милојевиќ хоспитализиран. Сепак е успеа да ја добие најважната битка.