Харден сака договор со ЛА Клиперс до пензија

120

Џејмс Харден изјави дека сака да се пензионира во составот на ЛА Клиперс.

Новата ѕвезда на составот од Калифорнија, најавил дека ќе потпише долгорочен договор со Клиперс и ќе игра за тимот додека не му заврши кариерата во НБА.

34-годишниот Харден ќе стане неограничен слободен играч во вонсезоната во 2024 година. Во октомври, пред да замине од Филаделфија, Харден им призна на новинарите дека „сакал да се пензионира со Сиксерс“, но работите не излегоа како што планираше.

На 35 натпревари во НБА оваа сезона, Џејмс има просек од 16,9 поени, 4,6 скока и 8,4 асистенции по натпревар.

ПретходноДенеска на ЕП: Почнува битката за полуфинале
СледноЗонски квалификации за ЕП: Турција голем предизвик за нашите јуниорки