Утре со почеток од 13 часот на Градскиот стадион во Струга ќе проследиме градско дерби. Струга ТЛ против Караорман, секако дека станува збор за пријателска. Ова ќе биде прв натпревар за шампионот на Македонија во новата 2024 година.
Познато е дека Струга ТЛ втората и најглавна фаза од тековните подготовки ќе ги одработи во Анталија а таму момците на стратегот Шпетим Дуро ќе се “тестираат“ и со Оренбург (Русија), Арка Гдањск (Полска), Черноморец (Украина), Лоѓ (Полска) а “генералката“ пред стартот на пролетниот дел ќе биде со Тиквеш на 10 февруари.