Јуниорките поразени од Турција на стартот на зонските квалификации

90

Убедлив пораз на нашата женска јуниорска репрезентација во првиот натпревар од зонските квалификации за ЕП. Нашата селекција за играчи до 18 години загуби со 3:0 (25-14, 25-15, 25-15) од соодветната селекција на Турција на мечот кој се одигра денеска во Софија. Турчинките беа фаворитки и пред мечот, а со играта тоа и го потврдија. И во трите сета стартот донесе неизвесна борба и израмнет резултат. Во втората половина на сетовите противничките успеаја да се одлепат и на крајот рутински да ги добијат. Ивана Милева реализираше 4 поени, а Ѓорѓиевска и Кипријановска имаа по 3. Кај Турција, Јилмаз беше најефикасна со 8 поени. Утре во 15 часот Македонија во вториот меч од квалификациите се среќава со Србија.

ПретходноАндонов од Брегалница се пресели во Брера
СледноНајавено па потврдено: Вардар го промовираше Ѓурковски! (ФОТО)