Ал Хилал од Саудиска Арабија го придодаде четвртиот бразилски фудбалер во своите редови. Се работи за репрезентативецот Ренан Лоди кој дојде од Олимпик Марсеј, а клубот од С.Арабија плати 23 милиони евра. Договорот на играчот е со важност од 3,5 години.
Една третина од сумата, односно околу 8 милиони евра ќе оди на сметката на поранешниот клуб на Лоди, Атлетико Мадрид.
Инаку Бразилецот минатото лето премина од Атлетико во Марсеј за 13 милиони евра. Ал Хилал во своите редови ги има уште бразилските репрезентативци Нејмар и Малком, како и напаѓачот Мишел кој се уште нема настап за „Селесао“.