Газдите на Рома веќе не можеле да го поднесат однесувањето на Мурињо

988

Италијанските медиуми денеска ги открија главните причините за отказот на Жозе Мурињо од Рома. Клубот вчера објави дека португалскиот стручњак заминува од тренерското место, а на негово место доаѓа Даниеле де Роси кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.

Како што објави „Ла Република“, вчера сопствениците на Рома, Дан и Рајан Фридкин, одржале состанок со Мурињо, на кој на виделина излегле многу несогласувања. Челниците на клубот истакнале дека се разочарани од резултатите на клубот оваа сезона, а исто така не сакаат повеќе да го толерираат однесувањето на тренерот. Тие биле незадоволни што Мурињо постојано создаваше конфликтни ситуации, ги обвинуваше судиите и одбиваше да ја преземе вината. 

Фридкинс биле особено загрижени за тоа што се случи по финалето на Лигата на Европа, кога по натпреварот, главниот тренер на Рома го начека судијата Ентони Тејлор на паркинг и непристојно го навреди.

ПретходноКаква казна го чека Сити за финансиски нерегуларности: Одземање бодови или исфрлање од Премиерлигата?
СледноЃоковиќ преку Попирин до третото коло на АО