Зонски квалификации за ЕП: Турција голем предизвик за нашите јуниорки

77

Женската јуниорска одбојкарска репрезентација на Македонија денеска (15:00 ч.) во Софија почнува со зонските квалификации за ЕП. Избраничките на селекторот Александар Митев на стартот ќе се сретнат со еден од главните фаворити, репрезентацијата на Турција.

Овие две селекции минатото лето имаа можност да се сретнат и на Балканското првенство во Србија, каде Туринките остварија победа од 3:0 (25:17, 25:14, 26:24), но нашите млади одбојкарки покажаа дека во два од овие сетови одлично се носеа против одлично селектираниот турски состав.

Турција на овој квалификациски турнир доаѓа како актуелен европски вицепрвак и балкански вицешампион. Покрај со Турција, нашата селекција ќе игра и со Србија, меч кој е закажан за утре.

ПретходноХарден сака договор со ЛА Клиперс до пензија
СледноБаерн (М) му го зема директорот на РБ Лајпциг