Прво Виљареал а во последните неколку месеци и Севилја се посебно “загреани“ за услугите на Столе Димитриевски, голманот на Рајо Валјекано и еден од најдобрите голмани во Ла Лига.
Познато е дека на македонскиот репрезентативен чувар на мрежата договорот со Рајо му истекува во јуни, а Столе за “СпортСпорт“ пред две недели истакна дека секоја опција е можна, да прифати некоја од понудите или пак да остане во Рајо.
Сепак најново е тоа што Севиља му понудила на Столе 2 милиони евра по сезона, што секако дека примамливо или речиси 2,5 пати повеќе од тоа што го заработува во Рајо.
Останува сега Столе да прифати или да чека некоја уште подобра понуда.