Адвокатот на Бензема: Во Саудиска Арабија добива сериозни закани!

903

Адвокатот на Карим Бензема, Хјуг Вижие, изјави дека напаѓачот на Ал Итихад, добивал закани во Саудиска Арабија откако францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјавил за наводни врски на напаѓачот со терористичка организација.

„Коментарите на министерот имаат сериозни последици. Карим Бензема почна да добива закани во Саудиска Арабија, откако министерот изјави за неговите врски со терористичка организација. Добива пораки на омраза“, вели Вижие.

Претходно беше објавено дека Бензема поднел тужба против шефот на француското Министерство за внатрешни работи.

Бензема во летото 2023 година како слободен играч се пресели во Саудиска Арабија, но пред извесно време замина без образложение и прашање е како понатаму ќе се одвива неговата кариера во Ал Итихад.

ПретходноАО: Алкараз ја мина и втората пречка, Швјонтек се провлече
СледноДенеска на ЕП: „Триколорите“ нов предизвик за Хрватска