Барселона со пораз од Анадолу Ефес ја прекина серијата од шест победи во 2024 година во сите натпреварувања. Лошата одбрана беше клучот на убедливиот пораз на „Каталонците“ на ова гостување во Истанбул (74:98) во 22 коло на Евролигата.
Барса некако држеше контрола до полувреме (42:39 за противникот), а потоа комплетно се загуби. Турскиот тим тотално го демолира шпанскиот тим и ја однесе победата која е нивна втора по ред.
Барса го запиша седмиот пораз во Евролигата, а прв по оној од Монако во декември.
Црвена Звезда на свој терен е поразена од Басконија со 90:91. Кај Звезда, Јаго впиша 26 поени, Гиедраитис 13. Инаку мечот го одбележа Маркус Хауард кој впиша 32 поени и го одигра својот најдобар меч во досегашниот дел на Евролигата.
На другите мечеви: Алба-Баерн 65:82, Олимпијакос-Макаби Т.А. 89:72