Денеска на ЕП: „Триколорите“ нов предизвик за Хрватска

375

Втората фаза од натпреварите на Европското првенство во Германија денеска почнува и во групата „1“ во Келн. По вчерашните пресметки во Хамбург, денеска не очекуваат уште три супер-интересни дуели од кои селекиите е го градат својот пласман во полуфиналето.

„Ланксес арената“ во Келн први ќе ги дочека селекциите на Унгарија и Австрија. Австријците се една од главните сензации на ова ЕП и како што самите најавија нема да застанат на пласманот во оваа фаза, туку посакуваат олимписки квалификации за Париз 2024.

Унгарија со евентуален триумф ќе направи голем чекор кон полуфиналето.

Во вториот термин Франција се среќава со Хрватска. Ова ќе биде сериозен предизвик за Хрватите кои почнаа со блескава победа над Шпанија, но потоа како да стагнираат во играта и формата. Франција, напротив, го доби најважниот меч во групата со Германија и пренесе два бода во оваа втора фаза.

Домаќинот Германија во последниот меч како голем фаворит ја пречекува селекцијата на Исланд.

ВТОРА ФАЗА – КЕЛН

ГРУПА 1

15.30 Унгарија – Австрија

18.00 Франција – Хрватска

20.30 Германија – Исланд

ПретходноАдвокатот на Бензема: Во Саудиска Арабија добива сериозни закани!
СледноХендерсон поради раскинот на договорот со Ал Етифак загуби 4 милиони фунти