Македонската кошаркарска федерација денеска потврди дека Битола ќе биде домаќин на завршницата на Купот за 2024 година.
Завршниот турнир во „Фајнал 8т“ формат ќе се одигра во периодот од 15 до 17 февруари 2024 година, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Во трката за трофејот „Благоја Георгиевски – Буштур“ ќе се натпреваруваат екипите на МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.
Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11. одиграни кола) од Првата лига-мажи, во четвртфиналето ќе се сретнат:
(1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
(2) Пелистер – (7) Феникс 2010
(3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030
(4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт
Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“2024 во женска конкуренција. Терминот и местото на одигрување ќе бидат дополнително објавени.