Драган Стојков (35) е ново име во таборот на Брера Струмица. Досегашниот дефанзивен играч за врска на“лавовите“ од денеска и официјално е член на струмичани, значи Стојков се врати во својот роден град.
“Среќен сум дека после неколку сезони се враќам повторно во мојот роден град сега како член од тимот на Брера. Покрај големото задоволство што ќе сум дел од тимот, се надевам дека со моето искуство и напоран работа ќе придонесам екипата да ја оствари заедничката цел за оваа сезона и да ја радуваме струмичката јавност“истакна Стојков.