Новак Ѓоковиќ малку потешко од очекувањата стигна до третото коло на Австралија Опен. По мечот новинарите се интересираа за неговата состојба со повредата и тоа што имаше настинка.
„Не сум баш во идеална состојба, што влијае на интензитетот на мојата игра, но донекаде и на мојата мотивација. Се обидувам да го најдам вистинското јас, и покрај сите тешкотии – медицински, технички, играчки. Така е сега, и далеку од тоа да се жалам, тоа се околностите во кои се наоѓам. Ги прифаќам и се трудам да го извлечам најдоброто од себе“, вели Србинот.