Антонио Илиески од Фљамуртари во дресот на Воска Спорт

358

Антонио Илиески е уште едно ново засилување за екипата на Воска Спорт. Како што објавија денеска од клубот, тој доаѓа во Охрид од екипата на Фљамуртари од албанскиот шампионат.

Претходно Илиески беше дел и од екипата на Кукс. Во Македонија, тој го носеше дресот на Ренова, а играше и за Гостивар, Еуромилк, Македонија Ѓ.П, Тиквеш и Кораб.

27-годишниот Илиески ќе биде засилување за централната бековска позиција на охриѓани.

ПретходноЈуниорите утре против Косово во Струмица стартуваат со зонските квалификации
СледноНачевски и Николов ќе ја делат правдата во Арената каде Вардар подигна два пехари