Во дербито на вечерта во НБА лигата, екипата на Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен славеше над Далас со 127:110. Дианџело Расел ги предводеше Лејкерси до четвртата победа во последните шест натпревари со 29 поени, а Ентони Дејвис, кој беше на прагот на трипл-дабл со 28 поени, 12 скока и девет асистенции заедно со Леброн Џејмс (25) придонесоа во победата на домашните.
Лука Дончиќ, кој се врати во тимот на Далас откако пропушти три натпревари поради истегнување на десниот зглоб, мечот го заврши со 33 поени, 13 скока и десет асистенции за седми трипл-дабл сезонава и вкупно 63 во кариерата.
Кливленд ја забележа шестата победа во низа откако победи против Милвоки со 135:95, а Бостон беше подобар од Сан Антонио со 117:98. Њујорк го победи Хјустон со 109:94, предводен од Џулиус Рендл и Џејлен Бренсон, кои постигнаа 31, односно 30 поени.
Натпреварот меѓу Јута и Голден Стејт беше одложен поради ненадејната смрт на помошниот тренер на Вориорс, Дејан Милојевиќ.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Минесота 117-124
Атланта – Орландо 106-104
Бостон – Сан Антонио 117-98
Кливленд – Милвоки 135-95
Њујорк – Хјустон 109-94
Торонто – Мајами 121-97
Њу Орланс – Шарлот 132-112
ЛА Лакерс – Далас 127-110
Портланд – Бруклин 105-103