ЕП 2024: Австрија со нова трилер бајка, прв пораз за Унгарија!

156

Во премногу неизвесен натпревар ракометарите на Автрија стигнаа до нова сензација на ЕП во Германија каде попладнево ја најдоа добитната формула за составот на Унгарија кој го доживеа првиот пораз.

Никола Билик е човекот а одлука кој со „бомба“ на 20 секунди пред крајот го постигна победоносниот гол за својот состав, кој покасно успеа да го запре последниот напад на Унгарците. Токму човекот на одлука со 8 голови беше најдобриот стрелец на средбата, иако херојот на Австрија е голманот Константин Местл кој правеше чуда во моментите кога се кршеше резултатот.

Унгарија добро го почна дуелот, имаше во првиот дел константно водство но противникот со напад „7 на 6“, успеа да се врати во резултатска неизвесност и за ефективни 17:17 по првио дел. Во вторите 30 минути периодични промени на водството и добри одбрани на двете страни.

Австријците имаа повеќе трпение, и повеќе среќа во последните секунди кога се кршеше натпреварот. До труимфот дојдоа со играч помалку, а Унгарија немаше идеја како да се спаси од првиот пораз.

Бајката на Австрија на ЕП се уште трае и овој состав на селекторот Пајовиќ со 3 бода влегува во следните дуели во групаа каде ги чекаат дуели со Германија, Франција и Исланд.

На овој меч покрај Билик меѓу најдобрите стрелци беа Вебер и Хутичек со 6 голови и пикерот Вагнер со 4 погодоци. Кај Унгарија Лекај, Анчин, Банхиди и Рошта дадоа по 4 погодоци.

ПретходноДва клуба го минираа правилото за фудбалски „отворен Балкан“
СледноСтруга ТЛ го прати Јаровиќ на позајмица во Гњилане!