МОК и Даниел Димевски во „војна“ со федерациите

722

Иницијативата за смена на Даниел Димевски од престолот во Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), ја разбранува спортската јавност во земјава затоа што истата ја поднесоа и потпишаа 31. федерации од вкупно 42, кои се членки и даваат делегати во Собранието на најголемата спортска имнституција во земјава. На истата од МОК одговори дека поднесеното барање не било според статут, според правила, според закони… немало адреса на испраќач, немало образец…

Нема иднина МОК со Даниел Димевски тоа е вистината!

Тоа што се случува деновиве по иницијативата е само обид на „давеник“ да се спаси од ураганот што доаѓа и би било се во ред за некого доколку се се заврши само со смена, а притоа да нема ревизии, отчет, истраги…

За неколку дена одредени инстутуции ќе бидат ослободени од прангите, па ќе може и брзо да се реагира и да се интервенира во спортот, каде треба еднаш засекогаш да се искоренат правните лавиринти и криминали, кои не дааваат демократија за промени во одредени спортски федерации.

Но, Даниел Димевски и МОК влегоа во „војна“ со сите федерации кои се потпишани на иницијативата. Сега МОК праќа дописи и потсетувања за обрски, но и за долгови. Дури праќа и ултиматуми до одредени федерации со рок до кога треба да го вратат долгот кон МОК. На други им се става до знаење да достават извештаи за членство и делегати до МОК, а обрската била до 15 јануари, па сега истата е пролонгирана до 22 јануари.

Што сака да постигне!? Да ги суспендира сите!? Да покаже сила, да покаже моќ дека никој ништо не му може. Поранешниот советник за спорт во кабинетот на Зоран Заев како да гледа само напред, а не се враќа во времето и да се сети што и како и на кој начин го симна Васил Тупурковски од тронот.

Помина времето на сеење страв, но страшно е и тоа што сега одредени сеачи на магла од познатата „трубаревска група“ се против Даниел Димевски, иако до вчера беа иста „банда“, спортски работници со комична „моќ и сила“ и како такви „хараа“ по земјава и најавуваа затвори, смени и скандали во одредени федерации. Прескокнувањето на огради е поминато време. Добро се знае кој што и со кого бил.

Некој не заборава, а вашето време помина!

Во прилог дел од дописите на МОК до федерациите:

ПретходноХендерсон поради раскинот на договорот со Ал Етифак загуби 4 милиони фунти
СледноХабиб одбил 40 милиони долари за да се врати во УФЦ