Начевски и Николов ќе ја делат правдата во Арената каде Вардар подигна два пехари

991

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат нашиот претставник на Европското првенство. Новата задача која ја имаат ќе биде во добро познатата „Ланксес Арена“, а ќе го судат дуелот меѓу Германија и Исланд (20:30 часот).

Оваа Арена за нас, Македонците буди убави спомени, тука Вардар ги освои двете титули во Лигата на шампионите, а беше учесник на три фајнл-дор завршници.

Германија и на оваа средба ќе има максимална поддршка од трибините, домашните фанови одамна ги резервираа своите места.

ПретходноАнтонио Илиески од Фљамуртари во дресот на Воска Спорт
СледноПромоција: Драган Стојков во дресот на Брера Струмица! (ФОТО)