Паличка се повреди на вчерашниот меч со Словенија

181

По вчерашната одлична партија и убедлива победа над Словенија, голманот на Шведска, Андреас Паличка се пожали на повреда. Според шведските медиуми станува збор за повреда на палецот на ногата, која настанала по удар. Паличка мораше да ја ублажи болката со облога од мраз, но според информациите не станува збор за сериозна повреда.

„Патиките беа тесни, па малку отече. Морав да го намалам притисокот и затоа седнав на клупа да подржам мраз. Мислам дека не е сериозно. Тоа е она што се случува. Можно е да има мало истегнување, но мислам дека ќе се реши до следниот меч“, изјавил голманот на Шведска.

ПретходноПотврдено: Донов е ново име во Брегалница
СледноЗавршницата на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ оваа година во Битола