Потврдено: Донов е ново име во Брегалница

182

Илија Донов е нов играч на штипска Брегалница.

Донов доаѓа од струмичка АП Брера. Всушност, Брегалница и Брера направија размена на играчи во која Донов доаѓа во Брегалница, а во спротивен правец замина Зоран Андонов.

Илија Донов во кариерата, освен за Брера, настапуваше за Вардар Неготино и Саса. Донов има 22 години и има голема фудбалска перспектива пред себе. Тој веќе се приклучи на тимот и тренира редовно под палката на шефот на стручниот штаб Горан Здравков.

ПретходноХабиб одбил 40 милиони долари за да се врати во УФЦ
СледноПаличка се повреди на вчерашниот меч со Словенија