Реал нема да го брани трофејот од Купот, елиминиран е од Атлетико

481

Трофејот од Купот на кралот ќе добие нов сопственик. Досегашниот владетел Реал Мадрид нема да го брани затоа што испадна во осминафиналето од градскиот ривал Атлетико со 4:2 по продолженија. Мечот се одигра на „Ванда Метрополитано“ пред 70.460 гледачи. Самуел Лино во 39 минута го доведе Атлетико во водство, а Реал изедначи со автогол. Модриќ нафрли, во мешаницата голманот Облак ја удри топката со тупаница но таа заврши во мрежата.

Сепак, во 57 минута слична ситуација на спротивната страна. Недоразбирање меѓу Лунин и играчите од одбраната, а топката дојде до Мората кој непречен од никого ја погоди мрежата.
Реал имаше шанса за изедначување во 76 минута кога Родриго ја затресе пречката. Во 82 минута Хоселу на асистенција на Белингем го изедначи резултатот. Мечот отиде во продолженија.

Во 100 минута Антонио Гризман по трет пат го донесе Атлетико во водство. Во 112 минута фудбалерите на Реал повторно постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР. Во 119 минута Родриго Рикелме ги постави конечните 4:2.

Покрај Атлетико во четвртфиналето се уште Барселона, Мајорка, Севиља, Сосиедад, Селта, Атлетик Билбао и Џирона. На 19 јануари ќе се изврши ждрепката за четвртфиналните двојки, а мечевите ќе се играат на 24 јануари.

ПретходноГана два пати водеше, на крајот реми со Египет
СледноЖозе Мурињо веќе има нова работа?