Севиља се засили со двајца млади играчи на Манчестер Јунајтед

1050

Шпанската Севиља ангажираше двајца играчи од Манчестер Јунајтед. Прво го донесе Ханибал Мејбри на позајмица до крајот на сезоната. Се работи за играч од средниот ред кој оваа сезона заигра за првиот тим и запиша 10 настапи, но само еднаш во Премиер лигата.
Инаку Севиља има опција да го откупи неговиот договор за 17,2 милиони фунти.
Другиот играч е Матео Мехија кој нема настап за првиот тим. Јунајтед го донесе од младинскиот тим на Реал Сарагоса. Инаку се работи за напаѓач кој е роден во Сарагоса, а игра за младинскиот тим на Колумбија.
Мехија по четири и пол години во Јунајтед доби дозвола да направи трансфер. И се приклучи на Севиља како слободен фудбалер, но во договорот Јунајтед ќе добие 25% од сумата при наредниот трансфер на играчот.

ПретходноОткриен е најголемиот страв на Роналдо
СледноТретолигашот поведе, но Барса направи пресврт и отиде во 1/4 финалето на Копа дел Реј