Скандал во нигерискиот тим – поради повреда Садик го напушти Африканскиот куп, но играше за клубот

460

Репрезентацијата на Нигерија го стартуваше Африканскиот куп со реми против Екваторијална Гвинеја што беше големо изненадување. На тој меч во Абиџан, „Супер орлите“ не можеа да сметаат на напаѓачот на Сосиедад, Умар Садик поради повреда. По препорака на докторите поранешниот играч на Партизан беше испратен во Шпанија на лекување.
Но ден подоцна тој беше во ростерот на Сосиедад на мечот со Осасуна во Купот на кралот. Тој влезе во игра во 73 минута и не се приметуваше дека има повреда.
Селекторот на Нигерија, Хосе Пешеира беше запрашан за ова пред мечот со БС Коска, а тој не знаеше што да каже.
И јас сум шокиран како и вие. Докторите ми испратија извештај дека Умар нема да заздрави најмалку 15 дена. Го испративме во Шпанија на рехабилитација. Не знам што се случи кога се врати во клубот“, изјави Португалецот.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Воска се засили со Абдулхади Јахја
СледноПогледнете како изгледа ранг-листа на кошаркарски судии