Наполи со 3:0 ја совлада Фиорентина во полуфиналето на Суперкупот на Италија. Шампионот стигна до успех со головите на Џовани Симеоне во 22. минута и Алесио Ѕербин во 85 и 87 минута. „Виолетовите“ можат да жалат многу затоа што беа подобри на теренот „Ал Ауал Парк“ во Ријад и создадоа многу повеќе шанси од противникот. Тие промашија и пенал во финишот на првото полувреме (Жонатан Иконе не погоди), а пред тоа гол на Лукас Белтран беше поништен поради офсајд.
Наполи во финалето на Суперкупот ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Интер и Лацио кој се игра во петок.
Дома Меѓународен фудбал Италија Фиорентина создаваше шанси, но Наполи погодуваше и се пласира во финалето на...